Пукање и заложничка криза во Киев: Напаѓач влегол во продавница, зел заложници и уби пет лица

Од:

Пет лица се убиени по денешното пукање во киевската област Холосиевска. Покрај тоа, десет од нив се ранети, додека четворица заложници се спасени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напаѓачот е убиен и го потврди бројот на жртвите.

„Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, штотуку објави дека напаѓачот во Киев кој отвори оган врз цивили е елиминиран. Сите околности се утврдуваат. Во моментов, потврдени се пет мртви лица“, рече тој.

Тој истакна дека очекува брза истрага и дека истражителите работат на овој случај.

„Му наредив на министерот за внатрешни работи и началникот на Националната полиција да ги стават сите проверени информации за овој случај достапни за јавноста“, рече Зеленски.

Главниот обвинител на Украина, Руслан Кравченко, изјави дека четири лица се убиени на улица, а едно во супермаркет.

Според информациите, напаѓачот земал заложници во продавницата и пукал во полицајците и покрај тоа што тие се обиделе да најдат мирно решение.

Станува збор за Дмитро Василченков, жител на Москва, со украинско државјанство. Пред да се забарикадира во супермаркетот „Волмарт“, напаѓачот пукал во цивили и го запалил станот каде што бил регистриран.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина