Зеленски: Ако падне Украина, следни ќе бидат балтичките земји

Од:

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на разговори, истакнувајќи оти тоа е „единствен начин да се запре оваа војна“.

– Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја, истакна Зеленски.

Тој од западните земји побара да ја зголемат воената помош за Украина.

– Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, посочи Зеленски.

Тој предупреди дека „ Ако падне Украина, следни би можеле да бидат Летонија, Литванија, Естонија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина