Завршува борбената мисија на САД и НАТО во Авганистан

Од:

САД и НАТО вчера со церемонија на спуштање на нивните знамиња означија крај на борбената мисија во Авганистан, која траеше 13 години.

Американскиот генерал, Џон Кембел, кој што е командант на американските и НАТО сили рече дека мисијата од борбена, преминува во улога на давање обука и поддршка на авганистанските безбедносни сили, пренесе „Асошиејтед прес“.

Од 1-ви јануари, коалициските сили ќе останат со 13.000 војници во Авганистан што е многу помалку во однос на 2011 година кога тој број изнесуваше 140.000 војници.

Инаку мисијата завршува во време кога нападите на талибанските екстремисти се во пораст.Мисијата

Американскиот претседател Барак Обама неодамна дозволи американските сили да започнат операции против Талибанците и припадници на Ал Каеда во тек на мисија за обука .

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски