Заврши осмиот круг преговори меѓу САД и талибанците за крај на војната во Авганистан

Од:

Портпарол на талибанците соопшти за крај на осмиот круг преговори со САД за договор за крај на 18-годишната војна во Авганистан. Тој рече дека сега претстојат консултации на преговарачките страни со лидерите за прецизирање следни чекори.

Забихула Муџахид ги оквалификува преговорите што завршија по полноќ во Доха како корисни.

Претходно, американски претставник посочи дека на тој круг ќе се разговара за технички детали и механизми за почитување на идниот договор.

Друг портапрол на талибанците најави минатата недела дека во крајот на тие разговори ќе има договор.

Се очекува договорот да содржи гаранции од страна на бунтовниците дека Авганистан нема да биде база за други екстремистички групи за подготвување напади во странство. Можен е и прекин на воените акции и преговори на талибанците со други авганистански претставници и покрај тоа што тие одбиваат разговори со авганистанската Влада.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува