Зариф и Ештон: Се уште има надеж за сеопфатно решение за иранската нуклеарна програма

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и координаторот на Европската унија Кетрин Ештон изразија уверување дека се уште има пат за постигнување сеопфатно решение на проблемот со иранската нуклеарна програма, пренесоа британските медиуми.

За ова прашање двајцата се произнесоа преку заедничкото соопштение, откако вчера не се испочитува крајниот рок за постигнување спогодба и преговорите меѓу Иран и шестте светски сили беа продолжени до идното лето.

– Се уште сме убедени дека врз основа на постигнатиот напредок и новите идеи, кои продолжуваат да се проучуваат, има надеж за постигнување сеопфатно решение, изјавија Зариф и Ештон во заедничката декларација.

Двајцата ја изразија намерата да го искористат актуелниот притисок за да ги завршат преговорите „во најкраткиот можен рок“.

-Треба да се донесат тешки одлуки, но јас верувам дека можеме да постигнеме решение, изјави Зариф пред новинарите во Виена.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел