Запрела авион поради лоша послуга

Од:

Чо Хјуна, ќерка на сопственикот на јужнокорејската авиокомпанија „Кореан Аир“ го сопрела авионот, со кој требало да патува и побарала од леталото да биде отстранет шефот на кабината, бидејќи не била задоволна од послугата, велат официјални извори.

Хјуна еден од лидерите на јужнокорејската компанија со која управува нејзиното семејство инсистира да се најде замена за шефот на стјуардите и стјуардесите неколку минути пред да полатаат од Њујорк кон Сеул, во моментот кога авионот веќе се наоѓал на пистата, соопштија од компанијата.

Причина за нејзиното незадоволство биле австралиски ореви кои и биле послужени со пијалок и покрај тоа што таа не ги барала, но и тоа што биле во кесичка наместо во чинија.

Според неа тоа претставува непочитување и прекршување на правилата за однесување во авион, а со самото тоа и потенцијална закана за безбедност на 250 патници.

Како што пренесе „Франс прес“ авионот се вратил во терминалот, го оставил шефот и дури потоа добил дозвола да тргне кон предвидената дестинација.

Министерството за транспорт соопшти дека е покрената истрага за овој случај.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски