Во Казабланка биле запленети 541 килограм кокаин, сокриен во контејнер со стока од Јужна Америка, соопштија мароканските власти.
При акцијата биле уапсени шест лица, меѓу кои и еден Бразилец, кој бил осомничен како „мозокот“ на групата.
Според првичните информации, дрогата била шверцувана од меѓународна мрежа за трговија со дрога поврзана со картелите од Латинска Америка.