Замрзнатиот конфликт во Украина може да и наштети на Европа

Од:

Украина вчера ја предупреди Европската унија да не дозволи проруските сепаратисти де факто да создадат своја држава и нагласи дека за разлика од другите замрзнати конфликти во земјите од поранешниот Советски сојуз, овој би можел да ја дестабилизира цела Европа.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин во интервју за агенцијата Ројтерс, кое го даде за време на посетата на Брисел, упати апел до Москва да ги разубеди сепаратистите од нивните планови за одржување избори во источните области Доњецк и Луганск следниот месец, јави БТА.

Тој истакна дека за граѓаните во тие области е подобро да гласаат на локалните избори, организирани од Киев во декември.

Според него, фалсификуваните избори организирани од раководството на самопрогласените проруски народни републики ќе го зајакнат ставот дека источна Украина се претвора во долгорочен замрзнат конфликт, како Придњестровјето или Абхазија.

– Да не се залажуваме дека замрзнатиот конфликт во Доњецк и Луганск би можел да биде стабилизиран како на пример Придњестровјето или Абхазија. Тој ќе ни донесе уште нестабилност, уште дестабилизација, не само на цела Украина, туку и на цела Европа, нагласи украинскиот министер.

Според Климкин, граѓаните од источна Украина треба „да се оттргнат од терористите“, кои управуваат со регионот, а Москва треба да помогне во решавање на конфликтот, кој продолжува и покрај примирјето, постигнато минатиот месец.

Четириесет и шест годишниот министер, кој е дипломат од кариера и беше назначен во јуни, изјави дека на средбите со високи претставници на ЕУ и со новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг била потврдена поддршката за Украина, вклучувајќи ја и финансиската помош со посредство на Алијансата за вооружените сили на Киев.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски