Заменик-претседателот на Демократската партија на Италија ќе биде назначен за мандатар

Од:

Претседателот на Италија Џорџо Наполитано го повика денеска попладне на средба во палатата „Куиринале“ заменик-претседателот на Демократската партија Енрико Лета, соопшти прес-канцеларијата на претседателскиот кабинет.

Италијанските медиуми јавуваат оти се очекува на средбата Лета да ја добие задачата да состави коалициска влада, со што ќе стави крај на политичката блокада во Италија.

Наполитано се одлучил за 46-годишниот политичар, поранешен државен секретар на Министерскиот совет, по консултациите со политичките партии и парламентарните фракции за надминување на кризната ситуација по изборите на 24 и 25 февруари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ