Заложник на ИСИС стравува дека ќе биде убиен

Од:

Заложникот на ИСИС, дваесет и шестгодишниот Абдул Рахман Касиг, кој минатата година доброволно го прифати исламот, испратил писмо до своите родители во кое им се заблагодарува за приврзаноста и ја најавува својата егзекуција.

-Стравувам дека ќе умрам, но најтешко ми е тоа што не знам дали воопшто треба да се надевам. Тажен сум поради ова што се случи и низ тоа што поминувате сите во домот. Доколку умрам, барем можам да бидам уверен дека сакав да им помогнам на луѓето да ги намалат страдањата- стои во писмото на Касиг кој на почеток на месецов беше заробен во Сирија, од џихадисти на ИСИС.

Инаку Исламска држава во неодамнешниот видео запис од обезглавувањето на британскиот хуманитарец Алан Хенинг, најави дека тој ќе биде следна жртва.

Касиг чие што вистинско име е Питер, поранешно воено лице, основач на хуманитарната организација „СЕРА“ во Турција, која има за цел да им помага на бегалците од Сирија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад