Заложничката криза во Алжир продолжува, нејасна судбината на заложниците

Од:

Се уште нема јасни информации за судбината на заложниците, држени на наоѓалиште на гас во Алжир од исламистички екстремисти, јави ДПА.

До овој момент информациите за операцијата водена на алжирското наоѓалиште на гас за ослободување на заложниците се противречни. Некои медиуми јавија дека таа завршила, а други дека продолжува.

Британското министерство за надворешни работи објави дека заложничката криза во Алжир продолжува.

Досега се уште нема официјално соопштение колку лица се загинати, а колку се спасени во операцијата на алжирската армија. Алжирскиот министер за информации Мохамед Саид изјави дека во операцијата се ослободени голем број заложници, Алжирци и странци, додавајќи дека за жал имало убиени и повредени.

Претходно некои медиуми, повикувајќи се на претставници на алжирските сили за безбедност, пренесоа дека киднаперите во алжирското наоѓалиште на гас убиле 30 заложници, меѓу кои седум странци.

Според портпаролот на исламистите во операцијата загинале 50 лица, меѓу кои 34 заложници и 15 киднапери. Сепак оваа информација не може да биде потврдена. Портпаролот истакна дека преживеале седум странци, односно тројца Белгијци, двајца Американци, Јапонец и Британец.

Западните лидери изјавија жалење што не биле информирани од Алжир пред почетокот на операцијата, а јапонскиот премиер Шиндзо Абе упати протест до Алжир и побара прекин на операцијата, стравувајќи за судбината на заложниците.

Двајца француски заложници успеале да избегаат од наоѓалиштето за гас, каде беа држени како заложници. Француските власти воспоставиле контакт со двајцата заложници, изјави денеска за радио Ер-Те-Ел францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс.

Во Осло норвешката компанија „Статоил“, која учествува во експлоатација на наоѓалиштето на гас соопшти дека еден од Норвежаните земени како заложници е жив, лекуван и моментално во болница, но дека не е позната судбината на останатите осум Норвежани.

Доцна синоќа компанијата ангажираше авион за да ги врати од Алжир четворицата заложници, кои беа ослободени и уште 40 свои службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он