Илјадници полицајци, детално претресување на луѓето и забрана за прошетки со влечуги се само дел од безбедносните мерки, кои австралиските власти ги воведоа во градот Бризбејн поради средбата на врвот на Г-20, која ќе се одржи овој викенд.
Над 6.000 полицајци ќе бидат мобилизирани во третиот по полемина австралиски град. Авиони-ловци ќе прелетуваат над Конгресниот центар, каде што ќе се одржи форумот. Полицијата ќе има право да го претресе секое сомнително лице на улица. Таа ќе располага со арсенал против протести, вклучувајќи водени топови и звучни бомби.
Низ улиците, во близина на Конгресниот центар, ќе бидат поставени ногу контролни пунктови. Дел од реката Бризбејн ќе биде забранета за пристап.
Некои од мерките предизвикале и шегување, како на пример забраната за приближување до Конгресниот центар на лица кои носат со себе змии, други влечуги или опасни инсекти, кои можат да усмртат некого. Луѓето кои носат камшици, свирчиња, како и предмети со кои можат да ги гаѓаат учесниците на средбата, како на пример јајца, исто така не смеат да се доближат до Конгресниот центар.
Средбите на врвот на Г-20 обично се проследени со протести на антиглобалистите. Оваа година безбедносните мерки во Бризбејн се зајакнати и поради заканата од џихадистичката група Исламска држава (ИД).