Захарова: Вовлекувањето на Србија во НАТО по убиството на Србите во Либија е понижувачко

Од:

Вовлекувањето на Србија во НАТО по убиството на српски државјани во Либија, кои загина од американски бомби, е понижувачки за земјата, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави ТАСС.

– Ми изгледа дека тоа е одреден вид на понижување, станува збор за т.н. стокхолмски синдром, посочи таа.

За време на викендот беше соопштено дека двајца вработени во српската Амбасада во Триполи, заробени од исламистички борци во ноември минатата година, загинале при воздушни напади на САД врз камп на групацијата Исламска држава во Либија.

Потсетувајќи дека убиените службеници на Амбасадата биле заложници на ИД, Захарова истакна дека најтажното е што таа информација ја доставиле ФБИ и ЦИА, иако сега негираат дека знаеле дека тие се наоѓаат таму.

– Сето ова се случува додека Западот се обидува постепено да ја вовлече таа иста Србија, а и Црна Гора во НАТО. Им велат на Црногорците, треба да влезете во НАТО, ние ќе ве заштитиме, рече Захарова во емисијата „Вечер со Владимир Соловјов“.

Таа додаде дека истото сега се обидуваат да им го порачаат и на Србите.

– Како можете да заштитите земја кога имате информација дека луѓе заложници се наоѓаат на одредена територија, а вие ги бомбардирате. Каква безбедност, за што зборувате? Тоа е посебен вид на понижување, наметнување на стокхолмскиот синдром кога ги тераат своите жртви да ги засакаат и јавно да признаат дека сакаат кај нив. Тоа е посебен вид на перверзност, нагласи Захарова.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on