Захарова: Не планираме евакуација на руските државјани од Венецуела

Од:

Русија не планира да ги евакуира своите дипломати и граѓани од Венецуела, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Нема планови за евакуација, ниту за руските дипломати и нивните семејства, ниту за државјаните на Русија, вклучувајќи ги и вработените во руските компании и мисии, тоа можам да го потврдам, рече Захарова.

Некои странски медиуми претходно објавија дека Русија се подготвува да ги евакуира своите државјани од Венецуела, поради актуелната политичка криза во земјата.

Захарова, исто така, нагласи дека Русија е подготвена да се приклучи на „посредничките и консултативните напори“ за наоѓање решение за Венецуела.

– Состојбата во Венецуела е исклучително напната. Протестите продолжуваат. Излезот од оваа состојба се гледа во опширен, внатрешен дијалог во Венецуела. Ние сме подготвени да се приклучиме на медијаторскиот и консултативниот механизам прифатен од страните во Венецуела. Ја поздравуваме подготвеноста на претседателот Николас Мадуро да ги прифати таквите меѓународни напори, истакна Захарова.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот