Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков сугерираше дека работата на договорот за прекин на огнот во Црното Море сè уште не е завршен, јавува Би-Би-Си.

Рјабков, запрашан дали Москва добила „какви било сигнали за можноста“ за укинување на санкциите кон руските банки, рече дека одговорот е „во многу широки термини“, објави новинската агенција Тас.

Во контекст, укинувањето на санкциите за руските банки кои обработуваат трансакции поврзани со трговијата со земјоделски производи и ѓубрива е еден од условите поврзани со договорот за поморски прекин на огнот постигнат во Саудиска Арабија.

„Постои потреба од продолжување на дијалогот, во кој треба да бидат вклучени експерти. Во моментов нема конкретен договор за тоа што ќе се случи понатаму, но ние работиме на тоа“, рече Рјабков.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија