А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

by А1он28/03/2025 - 14:441119
Share0

Украинците одредуваат кој ќе управува со Украина, соопшти Белата куќа, откако рускиот претседател Владимир Путин предложи формирање привремена администрација во Украина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Управувањето со Украина го одредува нејзиниот Устав и волјата на народот на земјата, изјави вчера портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, запрашан да ја коментира изјавата на претседателот Путин, пренесува Ројтерс.

Од Украина се уште нема коментар во врска со изјавата на Путин, пренесува агенцијата.

Путин вчера рече дека има причина да се верува дека руските трупи „ќе ги завршат украинските вооружени сили“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој оцени и дека воведувањето на привремена администрација во Украина ќе овозможи одржување „демократски избори и доведување на легитимна влада на власт“, ​​со која потоа ќе може да се преговара за мир, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за можностите за решавање на конфликтот во Украина, Путин потсети дека практиката на надворешно управување или привремена администрација постојано се користи во рамките на мировните активности на ОН, на пример, во Источен Тимор, Нова Гвинеја и некои делови од поранешна Југославија.

Според него, бидејќи минатата година немало претседателски избори во Украина, цивилните власти во земјата сега се нелегални.

bela kukarusijaukraina

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Горан Наумовски17/10/2026 - 21:15

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:47

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски17/10/2026 - 18:0717/10/2026 - 18:07

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Горан Наумовски17/10/2026 - 17:42

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Горан Наумовски17/10/2026 - 17:15

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

Горан Наумовски17/10/2026 - 16:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео