Захарова: Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против коронавирусот

Од:

Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Добро ја слушнавме пораката од Стејт департментот на САД за важноста на заедничките напори во борбата против коронавирусот. Особено е нагласено дека во минатото, за време на кризни периоди, нашите две земји обезбедуваа хуманитарна помош и дека така ќе биде и во иднина. Ова е момент со заеднички напори да го совладаме заедничкиот непријател кој е опасен по животот. Ние го прифаќаме овој пристап. Време е заедно да настапиме на фронтот, истакна Захарова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија