Захарова: Хуманитарната помош за Венецуела е исценирана провокација

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија смета дека планот за доставување хуманитарна помош на Венецуела е исценирана провокација.

– Ако станува збор за желба да им се помогне на луѓето со хуманитарна помош, тогаш е рационално да се праша зошто не се одмрзнат сметките на венецуелските компании во американските банки вредни 11 милијарди долари или да се вклучат специјализирани агенции на ОН кои имаат непроценливо искуство во таквите операции, наместо лицемерни обиди да се достави помош во вредност од неколку стотици долари, порача Захарова.

Москва го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и не го признава Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател во јануари, по изборите во земјата.

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални