Американската амбасада во Куала Лумпур денеска издаде предупредување до своите државјани кои претстојуваат во Малезија да ги избегнуваат движењето по улиците што се познати како уристички рути и престојот на јавни места каде што се собираат повеќе луѓе.
Предупредувањето е засновано на претпоставките дека во Малезија, како реакција на апсењето на видни организатори на заминување на малезиски и други државјани на фронтот во Ирак и Сирија, како и приведување на најмалку 10 лица кои полицијата ги притвори поради сомнеж дека учествувале во подметнување на експлозив во храм во Бангкок, минатиот месец.
Малезиската полиција за сега не го коментираше соопштението на американската амбасада, но локалните медиуми од пред два дена објавуваат информации за видно зголемено присуство на полиција, особено на местата каде што има поголеми групи странски туристи.