Задолжителна вакцинација за државните службеници во Малезија

Од:

Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, во спротивно, тие се соочуваат со отказ, според новите правила, објавени денеска на веб-страницата на владата.

„Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против коронавирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови за работа и да се обезбедат услуги. Од 1 ноември вработените кои нема да ги почитуваат упатствата ќе подлежат на дисциплински мерки, вклучително и престанок на работен однос“, се вели во соопштението.

Доколку работникот не може да се вакцинира од медицински причини, мора да добие лекарско уверение од одредени институции.

Според последните податоци, 98 отсто од државните службеници во Малезија се вакцинирани. Степенот на имунизација на полнолетните граѓани достигна 95 проценти. Министерството за здравство спроведува и кампања за вакцинација на малолетните лица, со цел наскоро да бидат имунизирани против Ковид 60 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 17 години.

Би можело да ве интересира

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски

Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Ана Ололовска

Во свлечиште загинаа 16 лица, повеќе од 17 се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Москва не ги дава осудените нејзини државјани кои се виновни за соборувањето на малезискиот авион

Горан Наумовски

Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Горан Наумовски

Сопругата на поранешниот премиер на Малезија прогласена за виновна за корупција

А1он