Забранет сообраќај покрај Kолосеумот во Рим

Од:

Булеварот Виа деи Фори Империали, кој минува покрај античкиот Колосеум во Рим е затворен за моторни возила, со исклучок на такси и јавен превоз, со цел зачувување на објектот од понатамошно рушење.

Експерти на полето на конзервацијата и реставрацијата изјавија дека густиот сообраќај во тој реон и издувните гасови ги оштетуваат ѕидовите на објектот.

Градоначалниот на Рим, Инјасио Марино, уште минатиот мај најави дека ќе се воведе забрана за сообраќај во таа зона со цел зачувување на Колосеумот и намалување на загадувањето.

-Мораме да одбереме дали повеќе ги сакаме автомобилите или сакаме да ја зачуваме градбата – изјави тогаш градоначалникот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ