Забележано екстремно силно GPS блокирање во близина на Ормутскиот теснец, бродови и авиони во проблеми

Од:

Во областа на Ормутскиот теснец се регистрираат сериозни пречки на GPS сигналот, што создава голема главоболка за сите бродови што минуваат низ овој важен теснец.

Иако слични пречки се пријавени уште од почетокот на израелско-иранската војна, денот по нападот на САД врз нуклеарните постројки на Иран, GPS блокирањето дополнително се интензивираше.

Овие податоци доаѓаат во екот на најавите на иранските власти дека како одмазда целосно ќе го блокираат Ормутскиот теснец и со тоа ќе предизвикаат голем економски пресврт.

Поради слични пречки, некои бродови ги ограничија своите операции на дневните часови, а пред неколку дена, GPS пречките беа причина за несреќата на два танкери.

Прекин на GPS беше објавен и од страницата Flightradar24, на која се наведува дека овој феномен ги прави летовите значително потешки.

„GPS пречките можат значително да влијаат на воздухопловите со компромитирање на навигациските и комуникациските системи, што претставува ризик за безбедноста. Авионите во голема мера се потпираат на GPS за прецизно позиционирање, водење на рутата и свесност за ситуацијата. Пречките можат да ги нарушат GPS сигналите, што доведува до навигациски грешки, неточни мерења на надморската височина или губење на точноста на позицијата“, се наведува на страницата.

Се претпоставува дека токму ова била причината зошто летот од Дубаи до Минск бил прикажан како лет преку Иран, а не кон Пакистан, што подоцна било утврдено.

Би можело да ве интересира

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

Девојче падна од трет кат во Берлин: Маж стоел под прозорецот и ја фати во последен момент

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ