За Велигден Романците трошат околу 25 милиони евра за јајца

Од:

Во неделите пред Велигден продажбата на јајца во Романија по правило се зголемува за околу 60 проценти во однос на просекот во останатиот дел од годината, при што само за јајца Романците трошат по речиси 24 милиони евра, објави романскиот весник „Путерја“.

– Ако во просек се продаваат меѓу 100 и 110 милиони јајца месечно, две недели пред Велигден продажбата се зголемува за над 60 милиони, изјави претседателот на Националниот совет на одгледувачи на живина, Илие Ван.

Иако романските живинарските фарми пред Велигден ги намалија цените на јајцата на 4 евро центи од досегашните 8 евро центи за парче, во продавниците низ Романија тие и натамусе продваат по непроменета цена од 9 до 12 евро центи.

„Путерја“ наведува дека ова намалување на цените на јајцата од страна на производителите првенствено се должи на заситеноста на пазарот од овој производ.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија