Корисник на Редит раскажа дека неодамна преку Амазон за три ипол долари нарачал половна книга од Мартин Лутер Кинг „Силата на љубовта“, затоа што новите изданије достигнуваат цена и од 450 долари.
Откако пратката стигнала, открил дека за малку повеќе од три долари добил непроценлива копија од книгата. Веќе на првата страница ја пронашол посветата и како што насетувал, автограм од авторот на книгата лично.
Среќниот купувач одлучил книгата да ја покаже на експертите, а меѓу коментарите се најде и проценката дека тој примерок на книгата на Лутер може да вреди околу 2.500 долари. И покрај тоа, момчето нема планови за продавање.
– Книгата не планирам да ја продадам. Тоа е една од најдобрите работи кои некогаш ми се случиле во животот, ако навистина се работи за неговиот оригинален ракопис – напишал тој.