За кинеските глобални амбиции, Иран е центарот на се

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Кога пекиншкиот претприемач Зуао Ру Лин првпат слушнал за бизнис можностите во источен Иран, бил скептичен. Но потоа купил мапа и почнал да го гледа регионот без граници, како еден огромен пазар.

– Многу земји се во близина, дури и Европа, рече 49-годишниот Ли додека неодамна возеше со својот бел Бе-Ем-Ве по автопатот кој ги поврзува Техеран со источниот ирански град Машхад. „Иран е во центарот на се“.

Со милениуми, Иран израсна во трговски јазол кој ги поврзува Истокот со Западот. Сега таа улога е ставена во функција на проширување додека во следните години Кина го спроведува проектот „Еден појас, еден пат“, и дава ветување за повеќе од еден трилион долари инвестиции во инфраструктура – мостови, железници, пристаништа и енергија – воп преку 60 држави во Европа, Азија и Африка. Иран, историски гледано, е крстосница и стратешки во центарот на овие планови.

Како дел од геополитичка сложувалка која се создава, компоненти од кинеската инфраструктурна мрежа се дел од неа. Во источен Иран, кинески работници вредно модернизираат една од главните и најангажирани железници правци во земјата, ги стандардизираат железничките прагови, ги рамнат пругите и нбовуваат мостовите, а крајна цел е поврзување на Техеран со Туркменистан и Афганистан. Скоро слично нешто се случува и во западен Иран, каде железнички тимови работат на поврзување со престолнината на Турција и, конечно, со Европа. Други железнички проекти ќе ги поврзат Техеран и Машхад со крајбрежните пристаништа со југот на земјата.

Иако веќе еднаш беше зависна од Кина за време на годините на меѓународна изолација која беше наметната од Западот заради својата нуклеарна програма, Иран сега е позависен од кинеската спосбност да го оствари својот грандиозен план. Другите руит кон западните пазари се подолги и водат преку Русија, која е потенцијален конкурент на Кина.

– Не се работи за тоа дали нивниот проект ќе биде откажан ако ние не учествуваме во него, рече Ашгар Факриех-Кашан, иранскиот заменик министер за патишта и урбан развој. „Но ако тие сакаат да заштедат време и пари, ќе ја одберат најкратката рута“.

Други се загрижени дека со кинеските инвестиции од толкав голем обем и се поголемото присуство на Кина во иранската економија, Техеран ќе стане позависен од Кина од било ога претходно,која е веќе најголемиот трговски партнер.

Кина е исто важен пазар за иранската нафта, и заради продолжувањето на унилатералните санкции врз глобалните банки од страна на САД, тоа е единствениот преостанат извор на големи суми од капитал кои му се потребнми на Иран за да ги финансира своите инфраструктурни проекти. Но тоа, очигледно, е ризикот кој лидерството на земјата е подготвен да го преземе.

– Кина доминира со Иран, вели Мехди Тагхави, професор по економија на Универзитетот Аламех Табатаба во Техеран, и додава дека „иранските влчасти не планираат никакво повлекување од тоа да бидат зависни од Кина. Заедно одиме напред“.

Не се само патиштата и железничките линии кои Иран ги добива од Кина. Иран исто станува сепопуларна дестинација за кинеските претприемачи, како Лин. Со знаење на само неколку зборови од иранскиот јазик, како и заради ниските каматни стапки и ослободувања од даноци од кинеската и иранската влада, тој изградил мала империја откако се преселил во Иран во 2002 година. Неговите осум фабрики произведуваат стоки кои се наоѓаат на пазарите во Иран и во соседните земји.

– Може да се каже дека бев поголем визионер од некои наши политичари, рече со насмевка Лин. Од 2013 година, кога започна планот „Еден појас, еден пат“, кој имал десетици посети од Кина и многу средби со кинескиот амбасадор во Техеран. „Јас бев пионер, и сите сакаат да ги слушнат моите искуства“, рече тој.

Лин ги изградил своите фабрики долж патот кој е клучен дел од трговската рута – 575 милји долгата електрична железничка пруга која ги поврзува Техеран и Машхад, со 1,6 милијарди долари заем од Кина. Кога ќе биде завршена и приклучена кон останатата мрежа, новата железничка линија ќе му овозможи на Лин да извезува стоки се до северна Европа, Полска и Русија, и тоа многу поефтино отколку што е тоа сега.

– Очекувам 50 проценти пораст во пирходите, рече Лин. Тој пали уште една цигара. „Се разбира, и иранската економија ќе расте, Кина ќе се шири. Нивната моќ ќе расте“. Иранците кои забележаа како Лин вози со автомобилот помеѓу неговите фабрики, му мафтаат и насмевнуваат. Со текот на годините тој усовршил повеќе ирански одновни јазични фрази и им рече „здраво“ и “догледање“ на некои од неговите 2.000 вработени. Иранците се вредни работници, вели тој, но не му се допаѓа нивната храна. „Си одгледуваме наш зеленчук, и јадеме кинеска храна, исто како дома“, додава тој.

Дури и кога нивниот газда е надвор од земјата , работниците во неговите фабрики велат дека се многу среќни со Кинезите. „Ни плаќаат редовно секој месец, и ангажираат повеќе луѓе отколку што отпуштаат“, ни рече чуварот Амир Далилчан. „Ако дојдат повеќе Кинези тука, нашата економија ќе процвета“.

Кога ќе биде завршена, оваа железничка линија ќе се протега скоро 2,000 милји, од Урумки, главниот град на кинеската провинција Синџијанг, до Техеран. Ако се оди по планопт, тоа ќе ги поврзува казахстан, Киргистан и Узбекистан, објави кинескиот државен весник Чајна дејли. Треба да се прилагодат димензиите на праговите и пругата и да се изведат нови врски, како и да се обноват возовите.

Во тест во 2016 година, патувањето траело 30 дена по море. Во Иран се користат вообичаени пруги помеѓу Техеран и Машхад и бавните возови се движат на дизел. КОга ќе биде отворена новата линија во 2021 година, се очекува да биде наменета за електрични вопзови кои ќе достигнуваат брзини до 125 милји на час.

Факриех-Кашан зборува англиски јазик и е учесник на преговорите во поголемот дел од големите меѓународни државни бизис зделки, вели дека кинеската иницијатива ќе придонесе многу повеќе отколку само да обезбеди канал за транспортирање на стоки. 2Мислам на инфраструктурата, планирањата на градовите, културните размени, комерцијалните договори, инвестициите и туризмот“, вели тој. „Одберет било кој проект, сите тие се под овој чадор“.

Бизнис врските помеѓу Иран и Кина растат уште од лога САД и европските партнери започнаа со притисок врз Иран во врска со нуклеарната програма во 2007 година. Кина остана најголем купуваќ на иранската сурова нафта дури и откако западните санкции беа укинати во 2016 година, со што му се дозволи на Иран повторно да продава нафта на европските пазари.

Кинеските државни компании се активни низ целата земја, градат автопатишта, ископуваат руди и произведуваат челик. Продавниците во Техеран се преполни со кинески производи а улиците се задушени со кинески возила.

Лидерите на Иран се надеваат дека учеството на земјата во планот ќе им овозможи да профитираат од огромните кинески економски амбиции.

– Кинескиот план е создаден на тој начин што ќе вопостави кинеска хегеномија преку половина свет, вели факриех-Кашан. „Додека Иранм на прво место ги става своите интереси, создаваме коридори по барање на Кина. Тоа ќе ни даде огромен пристап до нови пазари“.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он