За да престане да краде, си ги отсекол рацете

Од:

Али Афифи, 27 годишниот Египќанец кој не можел да престане да краде, прибегнал кон морничаво решение заради своето неиздржливо чувство на вина – си ги отсекол двете раце.

Афифи тврди дека на овој начин се бори со ѓаволот во себе кој го тера да краде. Тој се упатил до главната железничка станица во западниот египетски град Танта, ја ставил подлактицата на едната рака на шините, чекајќи го возот. Минувачите во шок го гледале овој ужас.

Меѓутоа рекол дека тоа не му помогнало и оттаму решил да ја отсече и другата рака за да биде потполно сигурен дека нема повеќе да краде.

Афифи го замолил, претходно, муслиманскиот проповедник да му ги отсече рацете бидејќи не може да победи во „војната со ѓаволот“ и заради тоа стално краде.

„Проповедникот го одби моето барање и рече дека тој не е овластен да донесува такви одлуки, и ме советуваше да се покајам и да побарам божја помош. Тогаш решив да си ги отсечам рацете“ – објасни Афифи.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски