ВВФ: Дивите видови исчезнуваат со „невидена брзина“

Од:

Бројот на видовите цицачи, риби, птици, водоземци и влечуги на светско ниво за само 40 години, во периодот од 1972 до 2012, се намалил за 58 процента, предупредува Светскиот фонд за заштита на природа (ВВФ) во својот годишен извештај.

Фондот оценува дека бројот на различни видови на животински и растителен свет може до крајот на оваа деценија ќе се намали за дури 67 отсто во однос на нивната бројност пред половина век.

Таков глобален тренд сугерира дека ги деградираме природните екосистеми на ниво што досега не е регистрано во човековата историја, се вели во извештајот.

– За време на нашите животи, дивите видови исчезнуваат со досега невидена брзина, нагласува директор на ВВФ, Марко Ламбертини.

Според нив, тоа е првенствено последица на човековите активности на планетата Земја.
Организацијата повикува на неопходни промени на глобалните системи за производство на храна и енергија, со цел да се овозможи опстанок на видовите и екосистемите ширум светот. 

Ламберти истакнува дека биолошката разновидност е темел за здрави шуми, реки и океани.

– Ако исчезнат видовите, екосистемите нема да може да ни обезбедат чиста вода, воздух, храна и климатски услови што сега ни ги овозоможуваат. Ги имаме сите можности да го решиме тоа прашање и мора веднаш да почнеме да го решаваме ако сакаме да ја зачуваме планетата заради наш опстанок, нагласи Ламбертини.

Моментно, земјоделските површини заземаат околу една третина од вкупната површина на Земјата и за нивно наводнување се користи речиси 70 отсто од потрошувачката на вода.
Во „Извештајот за живата планета“ се предлагаат и решенија за промени на начините на кои ја произведуваме и конзумираме храната, за да се обезбеди целиот свет да се храни на одржив начин.

Извештајот е насочен и на темелни промени на глобалните енергетски и финансиски системи кои се неопходни за да се исполнат потребите во поглед на одрживост на идни генерации.
Извештајот на ВВФ се подготвува на секои две години како сеопфатна студија за состојбата на светската биолошка разновидност.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он