Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со Ковид-19, соопштија локалните власти.
-Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик -секретарот на градската влада Ли Тао, пренесува Ксинхуа.
До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавриусот, како и 41 асимптоматски случаи.