Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната

Од:

Кинеските здравствени власти го бранеа своето истражување за потеклото на коронавирусот и ја критикуваа Светската здравствена организација (СЗО) откако нејзиниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека Пекинг требало да ги сподели информациите порано.

„Коментарите на СЗО беа навреди и непочитување“, рече Шен Хонгбинг, директор на кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Тој ја обвини СЗО дека се обидува да ја „оцрни“ Кина и ја повика организацијата да не им помага на оние кои ја политизираат пандемијата на коронавирус.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на 17. март рече дека новооткриениот генетски материјал собран во Вухан, централна Кина, каде што првите случаи на инфекција беа пријавени кон крајот на 2019 година, „требаше да биде споделен пред три години“.

Би можело да ве интересира

Кинески туристи повторно организирано ќе доаѓаат во Македонија

Катерина Ѓуровски

СЗО: Подгответе се за болест посмртоносна од Ковид-19

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

СЗО до Американците: На која основа тврдите дека коронавирусот дошол од лабораторија

Ана Ололовска

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19