Врховниот суд на Унгарија одобри референдум за мигрантската квота

Од:

Унгарскиот Врховен суд одобри денеска одржување на референдум за планот на ЕУ за воведување обврзувачки квоти за прифаќање мигранти и бегалци.

Референдумот, кој го иницираше унгарската Влада, претставува обид на премиерот Виктор Орбан да добие политичка поддршка за својот познат антимиграциски став.

Прашањето на референдумот ќе гласи: „Дали сакате ЕУ да пропише обврзно населување во Унгарија на луѓе кои не се државјани на Унгарија, дури и без согласност на Парламентот?“

Орбан претходно изјави дека гласот „не“ на референдумот ќе биде глас „во корист на независноста на Унгарија“.

Референдумот за квотите би требало да се одржи до крајот на годинава, а ќе биде валиден само доколку излезноста биде поголема од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон