Компанијата „Гугл“ ќе ги отвори своите канцеларии, но на вработените ќе им овозможи флексибилност во начинот на работа.
Првобитниот план на компанијата беше дека работата од дома ќе трае до 1 јуни, но извршниот директор Сундар Пичај соопштил дека вработените ќе останат и ќе работат од дома до крајот на годината.
Тој навел дека на вработените чија работа бара физичко присуство во канцелариите, ќе можат да се вратат во јуни и во јули, но со зголемени мерки на претпазливост.
Вработените во „Гугл“ работат од своите домови уште од почетокот на март, а со цел спречување на ширење на коронавирусот.
Веста за продолжувањето на работата од дома првично ја соопшти „Фејсбук“, а претпоставките се и други многу други технолошки компании ќе го следат примерот на овие два гиганта.