Возобновување на кралската парада ги развесели жителите на Сеул

Од:

Јонхап-Сеул

Рано неделно утро. Палатата Чангдеок е преполна со луѓе кои чекаат да го видат возобновувањето на кралската процесија која тука се изведувала пред повеќе стотици години. Како сегмент од 53-иот Сувон Хвасеонг културен фестивал, кој се одржува од петок до недела, градските власти се обединија да ја оживеат парадата на кралот Џеонгџо, од Сеул до соседниот град Сувон, и која траеше два дена.

Во 1795 година, 22-иот монарх на династијата Џосеон (1392-1910) го започнал осумдневниот пат до тврдината Хвасеонг, во Сувон, на околу 50 км. јужно од Сеул, во сеќавање на неговиот починат татко, совпаѓајќи се со 20-та гфдишнина од неговото владеење и 60-иот роденден на неговата мајка крунската принцеза Хонг.

Ова место кое е под заштита на УНЕСКО како културно наследство, било изградено од кралот на крајот на 18-иот век, за да го овековечи тогашниот технолошки развој, како и да го остави споменот на синовата љубов кон починатиот татко. Парадата до гробот на Кралот Џеонгџо 2016, ја оживува кралската процесија која се одвива долж 45 километри долгата рута од палатата до трдината. Сега за прват возобновувањето тргнува од главниот град,. Во минатото, тоа се одвивало само по рутата во провинцијата Гјеонгџи, во околината на Сеул.

Баек Сил-а, кој живее во Ујванг, веднаш до Сувон, се одвезла до Сеул со нејзините седумгодишен син и деветгодишна ќерка да уживаат на фестивалот.„Прво планирав да одам директно во Сувон, но потоа се премислив и дојдов во Сеул да го следам отворањето на церемонијата. Не сакав да ја промашам оваа ретка шанса да им покажам на децата како навистина изгледа вистинска кралска процесија“, рече Баек.

Парадата во неделата почна со десетина кралски борци на коњи кои ја напуштија палатата пред монархот, а по нив следеа музичари кои свиреа на традиционални корејски инструменти да го најават патувањето на кралот. Кога кралот Џеонгџо и неговата мајка, крунската принцеза Хонг, се појавија од Донвамнун, главната порта на палатата Чангдеок, стотици луѓе во публиката кои ги чекаа уште од рано утрината, ги поздравија. Јужнокорејскиот актер Ли Кванг-ки, облечен во црн „ханбок“, традиционална корејска облека, беше во улогата на кралот Џеонгџо. Во улогата на крунската принцеза Хонг беше Хванг Чи-сеок, исто облечена во тардиционална руба која се состоеше од црвено здолниште и сако. Таа е една од десетиците обични граѓани кои беа избрани помеѓу 600 и 700 кандидати кои се пријавија да учествуваат на парадата.

– Поминав многу време истражувајќи го џеонгџо, рече таа за агенцијата Јонхап њуз. „Ова е толку голема чест што учествувам на ова историско возобновување на на парадата од Сеул до тврдината Хвасеонг“.

Ким Хју-џин, локален студент по мода, беше на отварањето на церемонијата со двајца пријатели за да ги приучуваат традиционалните костими. „Нашиот професор ни препорача да дојдеме на настанов, со напомена дека е ова голема шанса да видиме дворски костими“, рече Ким.

Мохд Закариа од Малезија, кој го посетил Сеул на нивниот седумдневен одмор, беше еден од многуте туристи кои рекоа дека имале „среќа“ да го откријат овој стар настан.

– Ја посетивме палатата Чангјеонг каде видов многу млади јужнокорејци како се шетаат во традиционални костими. Денес ги гледаме овие дворски костими кои ги носи кралското семејство. Многу е интересно да ги споредиме“, рече Закариа.

Додека 800-тини метри долгата парада минуваше покрај Намдаемун, познатата капија лоцирана во срцето на главниот град, и станицатат Сеул, граѓаните не можеа да ги тргнат погледите од реткиот спектакл и не ја пропуштија шансата да се фотографираат. На фестивалот во саботата беа изложени дворски костими и имаше пазар на храна на островот Нодеул, на реката Хан во Сеул, каде посетителите можеа да пробаат од храната која им се служела на кралот Џеонгџо и крунската принцеза Хонг. КОга парадата пристигна на островот, луѓето кои уѓиваа во изложбата и на пазарот на храна ја дочекаа поворката со силен аплауз.

– Додека одевме низ градот, ги гледав лицата на моите сограѓани, меѓу кои имаше и бездомници на железничката станица, рече актерот Ли. „Иако никогаш нема да можам целосно да сфатам што му се вртело низ умот на кралот Џеонгџо, можам да кажам дека оваа парада била начин за него да слушне и дознае што им треба на луѓето“. Ли исто рече дека се надева оти парадата ќе ги потсети жителите на Сеул за силната посветеност на кралот кон неговите родители.

По танцувачките и музичките настапи, парадата повторно тргна кон привремената палата Сихеунг, каде сопре за да преноќи пред да стигне до тврдината преку блискиот град Анјанг и Џиџидае хил, на влезот во Сувон. Повеќе од 1,200 луѓе и 168 коњи беа ангажирани за настанот – и тоа само во Сеул.

– Се надеваме дека оваа парада ќе стане репрезентативен фестивал за Сеул кој може да поттикне чувство на гордост кај оние кои ќе учествуваат во настанот, и да ги развесели нашите сограѓани и туристите, рече Чунг Санг-хун, претставник од градската управа.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски