Воз налетал на работници додека поправаа пруга во Италија, петмина загинаа

Од:

Пет работници загинаа во текот на ноќта кога на нив налета воз додека работеле на линијата Торино-Милан во Италија.

Од силината на ударот тие починаа на лице место, пренесува Rai News.

Во моментот на инцидентот требало да ги заменат шините. Воз кој минувал покрај платформата 1 ги усмртил на лице место.

Други двајца работници поминаа неповредени, додека машиновозачот е во шок и треба да биде сослушан.

Според карабинерите, возот се движел со брзина од 160 километри на час. Работниците вршеле замена на неколку метри пруга во близина на станицата, кога поминал технички конвој со десетина вагони од Александрија до Торино.

Би можело да ве интересира

Во Италија врне снег, ветрот беснее, а се закануваат и поплави

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

Земјотрес ја потресе централна Италија

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Во Италија: Лав избега од циркус, се молат жителите да останат дома

Горан Наумовски

Возот утринава пристигна навреме во Велес по вчерашното седумчасовно доцнење