Воени авиони на РАФ учествуваа во приземјувањето на патнички авион на „Катар ервејз“

Од:

Воени авиони на британското кралско водухопловство РАФ, беа вклучени во приземјувањето на патничкиот авион на „Катар Ервејз“ на аеродромот во Манчестер, откако пилотот на леталото ја извести британската земска контрола дека има „сомнителна експлозивна направа“.

По добиената информација, на аеродромот во Манчестер беше прогласена безбедносна тревога. Веднаш по атерирањето на катарскиот авион, полицајците навлегоа во кабината на леталото и од таму изнесоа еден патник. За него се вели дека е уапсен, но не се дадени никакви други детали.

Инцидентот се случи во 13,15 по британско време, а тревогата заврши откако сомнителниот патник беше одведен на сослушување.

-Не знаевме за каков тип на закана станува збор, ниту за тоа каква е сомнителната направа, но не сакаваме ништо да ризикуваме, претходно проверувајќи ги фактите, па затоа веднаш реагиравме енергично на повикот од пилотот на авионот, изјави претставник на аеродромската управа во Манчестер.

Авионот „Ербас А330-30“ на „Катар Ервејз“ леташе на линијата од Доха до Манчестер. Во него имаше 269 патници и 13 членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот

Експертите предупредуваат на нова инфекција: „Грип од камила“ од Светското првенство

А1он