Во виенските училишта се воведуваат „гаргара“ тестови за Ковид-19

Од:

Австриското Министерство за образование во соработка со градот Виена воведе брзи „гаргара“ тестови за Ковид-19 во училиштата.

Со такви тестови беа тестирани патниците кои се враќаа во Австрија од Хрватска во август.

Со „гаргара“ тестот е возможно да се тестираат поголем број луѓе за кратко време. За тестирањето се користи вода за гаргара, а резултатите се готови во рок од 24 часа.

Тестирањето по потреба ќе го извршуваат мобилни медицински екипи. Додека за тестирање на учениците помлади од 14 години ќе се бара согласност од родителите.

Училиштата треба да обезбедат доволно големи простории или простор на отворено каде ќе се врши тестирањето. Директорот на училиштето ќе ги известува негативните, додека Здравствениот институт ќе известува за позитивните случаи.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче