Во Унгарија критики за предлог на Владата за нов данок за пригоди од реклами во медиуми

Од:

Унгарски новинари и аналитичари критикуваа нов предлог на Владата да се одданочуваат приходите од реклами во медиумите. Според нив тоа ќе значи и закана за слободното новинарство.

Нацрт-законот претставен од пратеник на владејачката Фидес предвидува годишните рекламни приходи на медиумските компании да се одданочуваат според висината – највисокиот дел од даночната скала ќе биде 40 отсто за приходи над 20 милијарди форинти (89 милиони долари).

Според уредникот на весникот Молдар немзет, предлогот е обид на владата да ја „задуши слободата на медиумите“ ослабувајќи ги финансиски.

Аналитичарот Агнеш Урбан нагласува дека новиот данок ќе го засили влијанието на Владата врз локалниот телевизиски пазар во државата, додека најголемиот електронски медиум во државата RTL-Hungary  соопшти дека заради данокот ќе бидат приморани да отпуштаат вработени.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот