Во Турција пребегнале 350.000 Сиријци

Од:

Во Турција до сега пребегале 350.000 Сиријци, кои побарала спас од судирот во својата држава, соопшти во Истамбул шефот на Дирекцијата за природни катастрофи и вонредни ситуации, Фуат Октав.

-Сиријскиот судир трае веќе две години. Во текот на тој период близу 350.000 Сиријци пронајдоа привремено скривалиште во Турција. Многумина од нив, дури 192.000 се сместени во бегалските центри – изјави Октав.

Тој нагласи дека Турција одобри 600 милиони долари за помош на бегалците од Сирија. Судирот со властите и бунтовниците започнаа во средината на март 2011 година.

Според податоците на Обединетите нации, во судирите загинаа повеќе од 70.000 луѓе, а повеќе од милион избегаа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град