Повеќе од половина милион Тунижани вчера примиле вакцина против Ковид-19 во рамки на националната кампања за контрола на епидемијата на Ковид-19. Земјата прими повеќе од шест милиони дози вакцини од западните и од арапските земји.
Бавниот тек на вакцинацијата и лошото менаџирање со пандемијата предизвикаа бран протести против владата и премиерот беше сменет пред две седмици.
Пет месеци од почетокот на вакцинацијата во Тунис, две дози вакцина примиле 1,3 милиони граѓани. Во земјата е дозволена вакцинација на сите повозрасни од 40 години. Министерството за здравство соопшти дека вчера вакцина примиле 551.000 граќани.
Единиците за интензивна нега во сите болници во земјата се преполни со пациени, а медицинскиот персонал се жали на исцрпеност и на недостаток на кислород.
Тунис се обидува да вакцинира 50 проценти од 11,6 милиони жители до средината на октомври. Земјата досега има 20 илјади смртни случаи како последица на коронавирусот.