Вo Тунис почна годишната средба на антикапиталистите

Од:

Светскиот социјален форум (ССФ) денеска во Тунис ја почна петдневната средба на која ќе учествуваат десетици илјади синдикалци и политички активисти, пренесе ДПА.

Почетокот на форумот беше во Бразил во 2001 година како противтежа на Светскиот економски форум.

Оваа година средбата на ССФ за прв пат се оддржува во арапска земја.

Се очекува делегатите да направат преглед на продемократските востанија, што пред повеќе од две години почнаа токму во Тунис, и да го осудат сегашниот глобален капиталистички поредок.

Според организаторите, форумот има за цел да ги продлабочи врските меѓу Арапската пролет и кампањите за социјална правда на Запад, како движењето „Окупирај го Волстрит“ во САД и демонстрантите против штедењето во Европа.

Предлозите што се однесуваат на климатските промени, миграцијата и развојот, исто така, ќе бидат разгледани на ССФ, на кој се тврди дека „е можен и друг свет“.

На првиот ден од форумот главно место ќе заземат правата на жените, а се очекува илјадници жени да учествуваат на собранието, како и на митингот во центарот на Тунис, од кој ќе се упати предупредување против религиозниот фундаментализам.

-Сакаме да им испратиме порака на непријателите на човековите права, дека нема да се вратиме кон потиснување и диктатура. Ќе ги довршиме нашите револуции, рече туниски синдикален лидер.

Во последните години, меѓутоа, ССФ тешко успева да мобилизира толку луѓе, колку што мобилизираше во средината на минатата деценија, забележа ДПА.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен