Во главниот град на Тајван, Тајпеи, денеска се одржа најголемата геј парада во Азија, на која учествуваа десетици илјади претставници од повеќе држави на најнаселениот континент.
Учесниците на парадата бараа тајванскиот Парламент да го усвои контроверзниот закон за дозвола на истополови бракови. Парадата се одржа и во знак на десетгодишнината од првиот голем геј собр одржан во Тајпеи.
Иако Тајван важи за едно од најлибералните општества во Азија, најголем дел од учесниците изјавија дека законот со кој ќе се дозволат и истополови бракови нема да биде усвоен, бидејки во Парламентот на Тајван поголем дел од пратениците се постари конзервативци. Законот се наоѓа во парламентарна процедура од мај минатата година.