Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Од:

 Еден сириски бегалец кој признал дека е хомосексуалец е брутално убиен во Турција. 

Неговото масакрирано тело, без главата, е пронајдено во реонот на Јеникапи во Истанбул, соопшти хуманитарната организација Каосогл, која води грижа за правата на хомосексуалците во Турција.

Сириецот Мохамед Висам Санкари , кој побегнал од војната во Сирија, престојувал една година во Истанбул. Неговото тело било пронајдено на 25 јули.

Турската полиција отворила формална истрага за убиствиото, но засега никој не е уапсен.
Организацијата Каосогл соопштува дека убиениот Санкари стравувал за својот живот, бидејќи примал закани од машки банди, па барал начин да се префрли како бегалец во некоја друга земја, но не успеал да замине.

Неговите пријатели и познати тврдат дека Сириецот бил киднапиран пред пет месеци од една таква банда, чии припадници подоцна го тепале и силувале, а на крајот и брутално го ликвидирале.

– Ние го пријавивме во полицијата неговото грабнување и баравме да му се помогне, но тие ништо не направија, изјави претставник на организацијата Каосогл.

Оваа организација ја обвинува и ОН затоа што, како што велат, нема ништо направено за заштита на правата на хомосексуалците во Турција.

Како и во повеќето арапски земји, хомосексуалноста во Турција не е кривично дело, но хомофобијата е широко распространета во земјата.

Врз геј активистите и хомосексуалците се извршени бројни напади, кои најчесто остануваат нерегистрирани и неказнети, затоа што никој не ги пријавува.

Се верува дека во изминатите шест години се убиени најмалку 50 хомосексуалци.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски