Во светот околу 500 новинари починале од Ковид-19

Од:

Организацијата „Прес емблем кампејн“ (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.

ПЕЦ, со седиште е во Женева, наведе дека некои земји не пријавиле смрт на медиумски работници или не биле тестирани постмортен.

Според истражувањето на ПЕЦ најголем број на смртни случаи кај медиумските работници има во Јужна Америка. Во Перу од последици од новиот коронавирус починаа 93 новинари, во Индија – 51, во Бразил – 43, во Еквадор – 41 и во Бангладеш – 39.

Во Мексико од Ковид-19 починаа 33 новинари, во САД – 25, во Пакистан – 12, во Панама – 11, во Англија – 10, во Боливија починаа девет, во Нигерија – осум, а во Авганистан, Доминиканска Република и во Хондурас починаа седум, шест во Аргентина, Никарагва и Венецуела, по пет смртни случаи се забележани во Колумбија, Франција, Русија и Шпанија и четворица во Италија.

– Ова е огромна загуба. Расте бројот на жртвите помеѓу новинарите во земјите како што се Индија, Бразил, Аргентина и Мексико, изјави генералниот секретар на ПЕЦ, Блејз Лемпен.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас