Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји

Од:

Повеќе новинари се убиени во Газа за време на 10-неделната војна меѓу Израел и Хамас отколку за една година во сите други земји, објави денеска Комитетот за заштита на новинарите.

„До 20 декември 2023 година, најмалку 68 новинари и медиумски работници се убиени од почетокот на конфликтот на 7 октомври. Меѓу тие 68 новинари имало 61 Палестинец, четворица Израелци и тројца Либанци“, се вели во соопштението на КЗН.

Комитетот исто така изјави дека е загрижен поради тоа што израелската армија ги напаѓа новинарите и нивните семејства. Најмалку еден новинар е убиен на место каде што немало борби иако носел јасни медиумски обележја.

Двајца новинари пријавија дека им се заканувале од израелски официјални лица и офицери на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да бидат убиени членовите на нивните семејства.

Во соопштението КЗН наведува дека се уште ги истражува околностите за смртта на сите 68 новинари, но дека истрагата е попречена од страшното уништување во Газа.

ИДФ соопшти дека не може да ја гарантира безбедноста на новинарите додека известуваат од Газа.

Би можело да ве интересира

Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

САД ја критикуваа позицијата на МСП за израелската окупација на палестинските територии

Израел уби десетици Палестинци, меѓу нив еден локален новинар, неговата сопруга и децата

Израелската армија објави дека убила голем број членови на Хамас во Рафах

Најмалку 13 Палестинци загинаа, а 26 се ранети во израелско бомбардирање на Кан Јунис

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН