Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Од:

Новинарска репортажа синоќа крена прашина во главниот град на САД со својата хумористична, но темелна истрага за кражбата од просторот за новинари на претседателскиот авион Air Force One.

„Со години, толпа новинари и други во своите ранци молчешкум ставале сè, од гравирани чаши за виски или вино до повеќе или помалку сè со ознака „Air Force One“ пред да излезат од авионот“, објави Политико.

Минатиот месец Здружението на новинари од Белата куќа испрати е-пошта до своите членови во која истакна дека исчезнувањето на предмети од просторот наменет за новинари во авионот, кои биле земени како сувенири, не поминало незабележано.

Кога американскиот претседател патува, во задниот дел на неговиот Боинг го следат 13 новинари.

Медиумските компании плаќаат за нивните новинари да летаат со владини авиони и за оброците и пијалоците кои се служат за време на летот.

Како сувенири, екипажот дели пакетчиња M&M со претседателски печат и потпис. Чаши и други предмети со печат „Air Force One“ може да се купат онлајн.

Но, тоа не е доволно за многумина во авионот, се вели во извештајот на Политико, кој го опишува ѕвечкањето на чиниите и стаклените садови во ранците на новинарите при слегувањето.

Поранешен дописник од Белата куќа за еден голем весник еднаш приреди вечера на која служеше храна на позлатени чинии од Air Force One, кои биле потоа украдени, се вели во извештајот.

Но, барем еден репортер го послуша укорот на здружението на новинари, што доведе до „дискретно враќање“ на извезената навлака за перница откако беше договорен состанок меѓу репортерот и претставник на медиумите во паркот спроти Белата куќа, пишува Политико.

„Навлаката за перница се смени и тоа беше тоа.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

Авион се урна во Њујорк

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

(ВИДЕО) Руски авион Суперџет се урна во Подмосковље, загинаа сите членови на екипажот

(ВИДЕО) Се запали опремата за слетување во авионот на саудиска компанија, патниците се евакуирани