Шеснаесет членови на мароканската кралска гарда денеска загинаа во сообраќајна несреќа во северниот дел на земјата.
Во несреќата повредени се 42 членови на гардата.
Инцидентот се случи кога автобусот со кој патувале гардистите падна во провалија. Гардистите требало да ја подготват посетата на Махмуд Шести, кој е крал на Мароко од 1999 година.