Во сообраќајна несреќа во Тунис загинаа 22 луѓе

Од:

Најмалку 22 луѓе загинаа, а 21 човек се повредени откако автобус излета од пат во Тунис.

Според Министерството за туризам сите загинати се државјани на Тунис.

Автобусот сообраќал од главниот град Тунис за Аин Драхам, а несреќата се случила во областа Аин Снуси. Автобусот ја пробил железната ограда и падна во провалија.

Планинската област Аин Драхам е туристичка дестинација, која се наоѓа во близина на границата со Алжир.

Според Светска здравствена организација, Тунис е на второ место, зад Либија во северна Африка, по бројот на сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен