Специјалниот одред за криминал утврди дека нема информации кои укажуваат на тоа дека е сторено кривично дело во случајот на водител на Би-Би-Си кој беше обвинет од млад човек дека му платил за сексуално експлицитни фотографии, соопшти денеска лондонската полиција. при донесувањето на овој заклучок, истражителите разговарале со голем број страни, вклучително и Би-Би-Си, жалителот и неговото семејство.
Се додава дека полицијата нема да презема понатамошни дејствија, а британскиот јавен сервис може да продолжи со внатрешната истрага, пренесува Би-Би-Си.
Во соопштението се наведува дека полицијата е запознаена со пишувањето на медиумите за нови обвиненија против истиот водител, но се нагласува дека на полицијата не и биле проследени конкретни детали. Името на водителот не беше познато до денеска кога Вики Флинд објави дека се работи за нејзиниот сопруг Хју Едвардс, едно од најпознатите ТВ лица во Велика Британија.