Во Шведска 30.000 луѓе се вклучени во криминал

Од:

Околу 30.000 луѓе во Шведска се вклучени во криминални мрежи, изјави министерот за правда на земјата Гунар Штромер, со оценка дека оваа бројка е „запрепастувачка“ и ветување дека Шведска ќе воведе нов закон за борба против организираниот криминал.

„Количината на смртоносно насилство со огнено оружје драстично се зголеми и Шведска е во исклучително сериозна ситуација“, рече Стромер, кој додаде дека официјалната истрага што треба да започне кон крајот на оваа година ќе истражува начини да се осудат повеќе криминалци.

Според АП, криминалните банди станаа се поголем проблем во Шведска, најмногу во Стокхолм, Гетеборг и Малме, а граѓаните се соочуваат со зголемен број престрелки, бомбашки напади и напади со гранати.

Агенцијата потсетува дека во Шведска до мај годинава се случиле 144 престрелки, при што 18 загинале и 41 се повредени, меѓу кои и случајни минувачи. Минатата година во Шведска имало 62 убиства и 107 повредени во 391 престрелка, а годината претходно во 344 престрелки биле убиени 45 лица, а 115 биле ранети. Во извештајот од 2021 година на Шведскиот национален совет за спречување на криминалот се наведува дека Шведска ги надминала Италија и земјите од Источна Европа по бројот на престрелки, главно поради насилните активности на организираните криминални групи.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност