Во шоу програма делат бебиња

Од:

Се за гледаност! Месецот Рамазан е ударен период за телевизиските станици во Пакистан, но „Гео ТВ“ отиде чекор понатаму. Во шоу програмата која ја води Амир Ликат Хусеин, поранешен политичар, на гледачите им се делат бебиња.


Од почетокот на Рамазан, Амир на двојките кои не можат да имаат деца им подари две напуштени бебиња.


– Ова е преубаво девојче кое некој го оставил на ѓубриштето. Погледнете колку е убава и невина, рече Амри во шоу програмата, рекламирајќи го бебето.


Девојчето од емисијата и припадна на двојката која долго се обидувала да добие бебе.


– Последните 14 години се обидувавме. Луѓето ми предлагаа да ја сменам жената, но останав трпелив, рече Риаз уд Дин, кој со сопругата ќе го чуваат добиеното девојче.


И дадоа име Фатима. Со водителот во студиото беше Мухамед Рамзан Чип, првиот човек на една хуманитарна организација која се занимава со вдомување на напуштени бебиња.


– Имаме голем број напуштени бебиња кои се пронајдени на ѓубриштата. Апелираме до сите дека подобро е да дојдат кај нас и да не ги оставаат бебињата на опасни места.


Во ударниот термин во шоу програмата освен бебиња, гледачите можат да добијат уште и моторцикли, домашно кино, лаптоп или машина за перење алишта. Пакистан е една од најконзервативните муслимански земји. Породувањето надвор од бракот е кривично дело и за неверство им следи смртна казна. И покрај тоа секој месец ширум земјата се пронаоѓаат стотина напуштени бебиња. Главно се работи за бебиња од женски пол. За напуштање на бебе следи казна од седум години затвор.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран