Во ракетен напад во Алеп загинаа 58 лица

Од:

Силите на сирискиот режим истрелале три ракети земја-земја на Алеп, во северна Сирија, при што загинаа 58 лица, од кои 36 деца, соопшти денеска невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права.

Активистите велат дека ракетите се истрелани од воената база 155 близу дамаск, но нивните податоци не се потврдени од независни извори.

Опсерваторијата соопшти и за зголемен број на жртви од нападот, кој се случи во петокот, откако под урнатините во дистриктот Тарик ел баб извадени се уште тела на жени и деца.

Според податоците на Опсерваторијата, во судирите ширум Сирија, вчера загинале најмалку 110 лица – 46 цивили, 35 бунтовници и 29 војници.

Од почетокот на судирите, од пред речиси две години, во Сирија настрадаа повеќе од 70.000 лица, соопштија Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град